Денеска ќе се одиграат натпреварите од 3. коло од главната фаза во второто по ранг европско натпреварување – Лига на Европа.
Екипата на Бенфика, во која настапува Филип Талески, ќе гостува во Шведска кај незгодниот Иштад.
Овие две екипи се сретнаа во минатото коло, а на победа се радуваше португалскиот тим.
Македонската судиска двојка Даниело Божиновски и Виктор Начевски ќе ја делат правдата на натпреварот меѓу Тулуз и Фленсбург.
Српскиот шампион Војводина на гостувањето кај Мелсунген ќе се обиде да се претстави во добро светло.
Распоред на денешните натпревари во ЛЕ:
18:45 ГУМЕРЗБАХ – ТАТАБАЊА
18:45 ТУЛУЗ – ФЛЕНСБУРГ
18:45 ИШТАД – БЕНФИКА
20:45 БИДАСОА – ЛИМОЖ
20:45 ГРАНОЉЕРС – ЛУЦЕРН
20:45 МЕЛСУНГЕН – ВОЈВОДИНА
20:45 МОНПЕЛЈЕ – ГОГ
20:45 ПОРТО – КИЛ