ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Продолжуваат квалификациите за ЕП 2026, се игра и во Женската и Првата лига

Денеска ќе се одиграат преостанатите натпревари од првото квалификациско коло за Европското првенство 2026.

Литванија и Словенија, репрезентации кои се ривали на Македонија во квалификациите, денеска ќе го имаат првото соочување.

Како што е познато, македонската репрезентација вчера потешко од очекуваното триумфираше над Естонија со 37:34.

На домашна сцена ќе има четири дуели од 9. коло во единственото женско сениорско натпреварување.

Освен кај дамите, ќе се игра и во прволигашката конкуренција, во Скопје ќе се судрат довчерашните прволигаши – Аеродром и Еурофарм Пелистер 2.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ
18:00 AСТИБО – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 2 (МАКЕДОНИЈА)
18:00 ВАРДАР – СПАРТАК (МАКЕДОНИЈА)
18:00 СКОПЈЕ – ЧАИР (МАКЕДОНИЈА)
18:00 АВСТРИЈА – ТУРЦИЈА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)
18:00 ХРВАТСКА – БЕЛГИЈА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)
18:00 ПОЛСКА – ИЗРАЕЛ (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)
18:00 СЛОВЕНИЈА – ЛИТВАНИЈА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)
18:30 ГЕРМАНИЈА – ШВАЈЦАРИЈА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)
19:00 ОВЧЕ ПОЛЕ – ПЕЛИСТЕР (МАКЕДОНИЈА)
19:30 ХОЛАНДИЈА – УКРАИНА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)
19:30 АЕРОДРОМ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 (МАКЕДОНИЈА)
20:00 ПОРТУГАЛИЈА – РОМАНИЈА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)