ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Продолжуваат контролите пред ЕП

На денешната ракометна програма ќе има само три дуели, од кои два се пријателски натпревари.

Репрезентацијата на Грузија, која е еден од дебитантите на Европското првенство 2024, денес ќе тестира против Словачка.

Грузија на континенталниот собир во јануари ќе има тешка задача, бидејќи за ривали во групната фаза ги има репрезентациите на Шведска, Холандија и БиХ.

Освен Грузија, дебитант на Европското првенство ќе биде и репрезентацијата на нашиот јужен сосед.

Грците во текот на подготвителниот период ќе ја темпираат формата против Романија, Словачка и Македонија.

Ракометарите на Грција првата проверка на силите ќе ја имаат денес против Романија.

Грција на Европското првенство ќе игра во група заедно со Данска, Португалија и Чешка.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

14:00 СЛОВАЧКА – ГРУЗИЈА (ПРИЈАТЕЛСКИ)

16:30 РОМАНИЈА – ГРЦИЈА (ПРИЈАТЕЛСКИ)

20:00 ЛУГИ – САВЕХОФ (ШВЕДСКА)