Денеска се играат првите два меча од вториот бараж за Светското првенство 2027 што ќе се игра во Германија.
Од 16:00 часот ќе играат Грција и Белгија, додека од 19:30 часот во центарот на вниманието ќе биде мечот меѓу Украина и Словачка.
Украинците се решија за домашен терен да го изберат германскиот град Бенсхајм, додека Словаците го избра градот Повашка Бистрица за реваншот, кога ќе се решава патникот на двомеч со Македонија.
Иако селекторот Вадим Бражњик нема да смета на дел од играчите што настапија на ЕП 2026, сепак тука е најдобриот стрелец Игор Турченко, па Украина ќе биде мал фаворит против Словачка.
Покрај овие две средби, две македонски репрезентативки – Ивана Џатевска и Ива Младеновска ќе бидат активни со нивните клубови во домашните шампионати.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
16:00 ГРЦИЈА – БЕЛГИЈА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП)
19:30 УКРАИНА – СЛОВАЧКА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП)
18:00 СОМБАТЕЉ – ЕСТЕРГОМ (УНГАРИЈА)
20:00 БРЕСТ БРЕТАЊ – БЕЗАНСОН (ГЕРМАНИЈА)


























