ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Прилеп домаќин на Куманово, дерби дуел и кај прволигашите

На денешната програма во Македонија ќе има три дуели, еден од нив е во рамките од 12. коло во суперлигашкиот плеј-аут.

Тимот на Прилеп на свој терен по вторпат сезонава ќе се соочи со Куманово и ќе се обиде да ги освои посакуваните три бодови.

Првиот дуел меѓу двете екипи заврши без победник, 26:26, а денес се очекува исто така да има голема борба.

Кај дамите ќе има еден дуел од 23. коло, ќе играат Стружанка и Пелистер, додека во прволигашкиот плеј-оф ќе се одигра дерби дуелот меѓу Радовиш и Младост Богданци.

Низ Европа ќе се игра во Асобал и Бундес лигата, потоа во Австрија, Италија, Хрватска, Франција…

ДЕНЕСКАНА ТЕРЕНИТЕ:
14:00 СТРУЖАНКА – ПЕЛИСТЕР (МАКЕДОНИЈА)
16:00 МЕЦ – ЧСМ (ЛШ)
16:00 БЕНФИКА – ПОРТО (ПОРТУГАЛИЈА)
17:00 СПЛИТ – ЛОКОМОТИВА (ХРВАТСКА)
17:00 СИНФИН – ВАЉАДОЛИД (АСОБАЛ)
17:00 ВОСЛАУЕР – ГРАЦ (АВСТРИЈА)
18:00 ЃЕР – ВАЈПЕРС (ЛШ)
18:30 ПРИЛЕП – КУМАНОВО (МАКЕДОНИЈА)
18:30 РАДОВИШ – МЛАДОСТ (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ТРСТ – БРИКСЕН (ИТАЛИЈА)
19:00 ФЛЕНСБУРГ – ШТУТГАРТ (БУНДЕС)
20:00 НИМ – ИВРИ (ФРАНЦИЈА)
20:30 РАЈН НЕКАР – ХАНОВЕР (БУНДЕС)
21:00 НАНТ – ШАМБЕРИ (ФРАНЦИЈА)