ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Последно коло на турнирот во Охрид, Еурофарм Пелистер против „мечки“

Денеска се играат натпреварите од последното коло од групната фаза на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид.

Од групата А во финалето одат „сино-белите“ од Автокоманда, кои денеска ќе играат неважен натпревар против црногорскиот Ловќен од 16:30 часот.

Од 18:45 ќе играат домаќинот Охрид и тимот на Партизан, додека во 21:00 часот, во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе се сретнат Вардар и Целје во борба за финале.

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер денеска го стартува настапот на „Купот на пријателството“ во турскиот град Болу.

Од 15:00 часот во Болу, пелистерци ќе се соочат со најтрофејниот руски клуб Чеховски Медведи, додека во второто полувреме од турнирот ќе играат Мешков Брест и грчкиот АЕК Атина.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

15:00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ЧЕХОВСКИ МЕДВЕДИ 
16:30 АЛКАЛОИД – ЛОВЌЕН
18:45 ОХРИД – ПАРТИЗАН
21:00 ВАРДАР – ЦЕЛЈЕ