ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Последен тест за Македонија на „Трофеј Карпати“, суперлигашка пресметка во Струга

Женската репрезентација на Македонија денеска го завршува настапот на „Трофеј Карпати“ во романскиот град Клуж.

По двата порази од селекциите на Романија и Словачка, денеска избраничките на Кристијан Грчевски ќе се соочат со Швајцарија, еден од домаќините на ЕП 2024.

Натпреварот меѓу Македонија и Швајцарија ќе се одигра во Клуж со почеток во 11:30 часот.

Покрај овој дуел, денеска во центарот на вниманието ќе биде суперлигашката пресметка меѓу Струга и Прилеп, додека на македонските терени ќе има и уште две средби од Првата лига.

На меѓународна сцена се играат осум меча од второто коло во Европскиот Куп, како и пријателски средби на женските репрезентации пред ЕП 2024.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
11:30 ШВАЈЦАРИЈА – МАКЕДОНИЈА (ПРИЈАТЕЛСКИ)
13:00 ЈЕХОНА – АЕРОДРОМ (МАКЕДОНИЈА)
13:30 ТУРЦИЈА – СЛОВАЧКА (ПРИЈАТЕЛСКИ)
14:00 СТРУГА – ПРИЛЕП (МАКЕДОНИЈА)
15:00 ВАРДАР НЕГОТИНО – МАКЕДОНИЈА ЃП (МАКЕДОНИЈА)
15:00 ШТУТГАРТ – МАГДЕБУРГ (БУНДЕС)
15:00 ГРЦИЈА – ЛИТВАНИЈА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)
15:45 ГЕРМАНИЈА – ДАНСКА (ПРИЈАТЕЛСКИ)
16:00 БИХ – БЕЛГИЈА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)
16:00 КРЕТЕЈ – НАНТ (ФРАНЦИЈА)
16:00 ИСТРЕС – ПСЖ (ФРАНЦИЈА)
16:30 РОМАНИЈА – БРАЗИЛ (ПРИЈАТЕЛСКИ)
16:30 БИТИГХАЈМ – ФУКСЕ (БУНДЕС)
16:30 ЛЕМГО – РАЈН НЕКАР (БУНДЕС)
17:00 ШАМБЕРИ – ДАНКЕРК (ФРАНЦИЈА)
17:00 ДУБРАВА – ГОРИЦА (ХРВАТСКА)
18:15 НОРВЕШКА – ХОЛАНДИЈА (ПРИЈАТЕЛСКИ)
18:30 ИТАЛИЈА – ЛУКСЕМБУРГ (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)
19:00 КУЕНКА – ВАЉАДОЛИД (АСОБАЛ)