Данска и Романија завршија со пријателските натпревари пред Европското првенство, додека третиот ривал на Македонија во групната фаза – Португалија, денеска ќе го има последниот тест пред континенталниот собир.
„Хероите од морето“ во финалето на турнирот „Шест нации“ во Шпанија против домаќинот ќе се борат за трофејот. Момците на Пауло Переира ремизираа со Египет и убедливо победија против Иран што беше доволно за прво место во групата, додека „фуријата“ два пати славеше против Словачка и Тунис и лесно стигна до првата позиција и финалето.
Во битка за трето место ќе играат Египет и Словачка, а Тунис и Иран ќе се борат за петтото место.
Полска и Србија ќе го одиграат вториот меѓусебен тест зад затворени врати, додека во финалето на турнирот во Франција ќе се сретнат домаќините и Исланд. Вториот двобој меѓу Германија и Хрватска е закажан за денеска од 18:05 часот во Хановер.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
14:30 ТУНИС – ИРАН (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)
16:45 ЕГИПЕТ – СЛОВАЧКА (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)
19:00 ШПАНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)
14:30 АВСТРИЈА – СЛОВЕНИЈА (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)
17:00 ФРАНЦИЈА – ИСЛАНД (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)
17:00 ПОЛСКА – СРБИЈА (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)
18:00 ФАРСКИ ОСТРОВИ – ИТАЛИЈА (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)
18:05 ГЕРМАНИЈА – ХРВАТСКА (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)
18:00 ЦРНА ГОРА – БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)

























