Денеска започнува квалификацискиот циклус за Европското првенство 2026, кое ќе се одржи во три земји – Данска, Шведска и Норвешка. Македонија за пласман на континенталниот собир 2026 ќе се бори против двете земји од Балтикот – Естонија и Литванија, како и против Словенија.
Избраниците на Кире Лазаров денеска ќе играат против Естонија, која во Скопје ќе пристигне без најдобриот естонски ракометар во историјата, Маит Патраил. Тој нема нов клуб откако замина од бундеслигашот Ајзенах на крајот на минатата сезона, па ќе ги пропушти првите две средби, против Македонија и Словенија.
Нашата репрезентација која за првите два квалификациски натпревари нема да ги има на располагање Никола Митревски и Филип Талески, е голем фаворит против Естонија, но „црвено-жолтите“ треба да бидат претпазливи, бидејќи ниту една репрезентација не е за потценување.
Натпреварот меѓу Македонија и Естонија ќе се одигра со почеток од 20:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“. На денешната програма ќе има уште осум квалификациски натпревари, на дел од нив свој настап ќе имаат неколку играчи кои што настапуваат во нашата Супер лига.
Распоред на денешните квалификациски натпревари:
16:30 ГРЦИЈА – ГРУЗИЈА
17:30 ЧЕШКА – ЛУКСЕМБУРГ
18:00 ЦРНА ГОРА – ФИНСКА
18:00 СРБИЈА – ЛЕТОНИЈА
19:00 УНГАРИЈА – СЛОВАЧКА
20:00 ФАРСКИ ОСТРОВИ – КОСОВО
20:00 МАКЕДОНИЈА – ЕСТОНИЈА
20:30 ИСЛАНД – БИХ
21:00 ШПАНИЈА – ИТАЛИЈА