ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Почнува новата сезона во Супер лига – шампионот на гости кај Бутел

Поради европските обврски, екипите на Бутел Скопје и Еурофарм Пелистер се договорија својот натпревар од првото коло во Супер лигата да го одиграат порано од предвиденото.

Тоа значи дека новата сезона во најелитната македонска конкуренција ќе биде отворена денеска.

Бутел Скопје нема да што да загуби на оваа средба, а шампионот по освоениот трофеј во Супер Купот во текот на вчерашниот ден, ќе се обиде победнички да ја стартува одбраната на титулата.

Бутелци в сабота го играат првиот дуел од ЕХФ Европскиот Куп против Дуделанж од Луксембург, додека пелистерци в среда на 10 септември ќе го пречекаат хрватскиот Загреб во Лигата на шампионите, па двете екипи овој натпревар ќе го искористат како тест пред европските предизвици.

Натпреварот меѓу Бутел Скопје и Еурофарм Пелистер се игра вечерва во салата „Антон Димитров“ со почеток во 18:00 часот.