ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Пионерките со прв предизвик на Медитеранското првенство

Денеска од 15:00 часот женската пионерска репрезентација на Македонија ќе го игра првиот натпревар на Медитеранското првенство во Приштина.

Прв предизвик на Медитеранското првенство и прв официјален натпревар на оваа генерација воопшто, ќе биде дуелот со Италија.

Во набиената агенда, младите ракометарки предводени од селекторот Славиша Димитријески, ќе одиграат шест меча во шест дена – пет во групата и еден за пласман.

Покрај натпреварот со Италија, Македонија ја очекуваат дуели и со Хрватска, Грција, Словачка и Словенија.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: 

15:00 МАКЕДОНИЈА – ИТАЛИЈА (МЕДИТЕРАНСКО ПРВЕНСТВО)