ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Пелистерци во Романија по првите бодови во ЛШ

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер денеска во Романија ќе го одигра третиот сезонски натпревар во Лигата на шампионите.

Трет ривал на избраниците на Бранислав Ангеловски ќе биде Динамо Букурешт, кој во првите две кола триумфираше над Фредериција и Висла Плоцк.

Еурофарм Пелистер загуби на првите два натпревари, беше поразен од ПСЖ и Фуксе Берлин, па пелистерци во денешното соочување со Динамо Букурешт ќе атакуваат на првите бодови.

На денешната програма ќе има еден дуел во единственото женско сениорско натпреварување во Македонија.

Чаир поради настапот во Европа, поточно во Европскиот Куп, натпреварот против Скопје од 4. коло од групата А ќе го одигра вечерва.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
18:00 ЧАИР – СКОПЈЕ (ЖЕНСКА ЛИГА) 
18:45 ДИНАМО БУКУРЕШТ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (ЛШ)
18:45 ФРЕДЕРИЦИЈА – ФУКСЕ БЕРЛИН (ЛШ)
18:45 СЕГЕД – НАНТ (ЛШ)
19:00 КИЛ – МЕЛСУНГЕН (БУНДЕС)
19:00 ЛАЈПЦИГ – РАЈН НЕКАР (БУНДЕС)
20:00 ШАМБЕРИ – СЕНТ РАФАЕЛ (ФРАНЦИЈА)
20:45 ВИСЛА – ГОГ (ЛШ)