ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Пелистерци во Плоцк ќе ја бркаат првата победа во ЛШ

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер денеска во Полска ќе го одигра петтиот сезонски натпревар во Лигата на шампионите.

Денешен ривал на избраниците на Бранко Ангеловски е тимот предводен од Хавиер Сабате – Висла Плоцк.

Полскиот шампион пред неколку дена го доби дерби дуелот со Келце и се надева дека на натпреварот со битолчани ќе дојде до првите бодови во европската елита.

Еурофарм Пелистер на четири одиграни натпревари успеа да освои бод, оној против Спортинг Лисабон во претходното коло.

Во групата А, во која се наоѓа и Еурофарм Пелистер, денеска ќе се одиграат останатите три натпревари: Веспрем – Фредериција, ПСЖ – Динамо и Спортинг – Фуксе Берлин.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
16:00 ЛАСИ – СЛАТИНА (РОМАНИЈА)
16:30 ВАЛЧЕА – БИСТРИЦА (РОМАНИЈА)
17:00 БАЈА МАРЕ – БУЗАУ (РОМАНИЈА)
17:00 КРАЈОВА – ЗАЛАУ (РОМАНИЈА)
18:45 КОЛШТАД – КЕЛЦЕ (ЛШ)
18:45 ВЕСПРЕМ- – ФРЕДЕРИЦИЈА (ЛШ)
19:00 РАЈН НЕКАР – ЕРЛАНГЕН (БУНДЕС)
19:00 ВЕЦЛАР – ХАМБУРГ (БУНДЕС)
19:00 СКАНДЕРБОРГ – КОЛДИНГ (ДАНСКА)
20:45 СЖ – ДИНАМО (ЛШ)
20:45 ПОРТИНГ – ФУКСЕ (ЛШ)
20:45 ВИСЛА – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (ЛШ)