ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Пелистерци во битка за Ф4 во Лигата на шампионите – прв ривал Алборг

Денеска во центарот на вниманието ќе биде настапот на Еурофарм Пелистер во младинската Лига на шампиони.

Младите битолчани предводени од Фарук Мемиќ и Кире Митревски ќе бидат дел од квалификацискиот турнир во Пореч заедно со Загреб, Алборг и Фуксе Берлин.

Полуфинална пречка на Еурофарм Пелистер ќе му биде данскиот Алборг, а мечот ќе стартува на пладне во салата „Жатика“.

Во второто полуфинале од 14:00 часот ќе играат Загреб и Фуксе Берлин, а победниците утре ќе се борат за пласман на завршниот турнир.

Минатата сезона Еурофарм Пелистер преку Келце и Динамо Букурешт успеа да се пласира на завршниот турнир во Келн во првото историско издание на ова натпреварување. Составот од минатата сезона е изменет, но има и неколку ракометари што играа лани.

Еурофарм Пелистер го промовираше составот за младинската ЛШ – еве кои ракометари ќе играат