ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Пелистерци бркаат победа во Португалија

Денеска ќе биде комплетирано 11. коло во Лигата на шампионите, а свој настап ќе има македонскиот шампион Еурофарм Пелистер.

По зимската пауза, битолчани денеска во најквалитетното европско натпреварување ќе го одиграат првиот натпревар во новата година.

Избраниците на Алонсо за ривал го имаат Спортинг Лисабон, кој моментално се наоѓа на 3. позиција во групата А.

Пелистерци на првото соочување со португалскиот тим успеаја да освојат бод, па така вечерва нѐ очекува уште еден интересен дуел.

Македонскиот шампион со евентуална победа ќе направи голем исчекор кон пласман во осминафиналето.

Натпреварот меѓу Спортинг Лисабон и Еурофарм Пелистер е закажан за 20:45 часот.

Распоред на денешните натпревари во ЛШ:
18:45 ДИНАМО – ЗАГРЕБ
18:45 ФУКСЕ – ФРЕДЕРИЦИЈА
20:45 ПСЖ – ВИСЛА
20:45 СПОРТИНГ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР