ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Пелистерци на незгодно гостување во Охрид

На денешната домашна програма ќе има два дуели од суперлигашката конкуренција.

Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер ќе гостува во Охрид кај истоимената екипа во натпревар од 18. коло.

Иако пелистерци влегуваат како фаворити, сепак, и избраниците на Стевче Алушовски се прашуваат на овој натпревар.

На првото соочување меѓу двете екипи славеа битолчани со три гола разлика, 25:22.

Куманово, кој ќе игра во плеј-аут фазата, пред својата публика ќе ги одмери силите со Пролет, тим кој сè уште има теоретски шанси за пласман во плеј-офот.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
13:00 КИЧЕВО – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
16:00 АСТРАИОН – АЕРОДРОМ
17:00 КУМАНОВО – ПРОЛЕТ
18:00 ОХРИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР