Ракометарите на Еурофарм Пелистер денес ќе го одиграат четвртиот дуел во Лигата на шампионите.
Нов ривал на избраниците на Александар Јовиќ е екипата на ПСЖ, кој во досегашниот тек од сезоната на свое конто има две победи и еден пораз.
Битолчани немаат освоено бод во европската елита и во денешниот дуел со „светците“ ќе се обидат да се покажат во најдобро светло.
Во групата А, во која се наоѓа и македонскиот шампион, денес се играат уште два дуели.
Загреб ќе биде домаќин на Алборг, додека ПИК Сегед ќе гостува во Норвешка кај Колстад.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
18:00 ТАПА – ТАЛИН (ЕСТОНИЈА)
18:30 ШВЕДСКА – ФАРСКИ ОСТРОВИ (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)
18:45 КОЛСТАД – ПИК СЕГЕД (ЛШ)
18:45 ЗАГРЕБ – АЛБОРГ (ЛШ)
19:00 ФУКСЕ – РАЈН НЕКАР (БУНДЕС)
19:00 ХАМБУРГ – ШТУТГАРТ (БУНДЕС)
19:30 ХОЛАНДИЈА – ПОРТУГАЛИЈА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)
20:15 ГЕРМАНИЈА – УКРАИНА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)
20:45 БАРСЕЛОНА – ГОГ (ЛШ)
20:45 ПСЖ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (ЛШ)
20:45 ВИСЛА – МАГДЕБУРГ (ЛШ)
21:00 ДАНСКА – КОСОВО (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)