Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер денеска ќе има нов предизвик во рамки од Лигата на шампионите
Битолчани за ривал во рамки од 6.коло од европската елита го имаат европскиот вицепрвак Келце.
Како што е познато, полскиот гигант против пелистерци нема да настапи без Симон Сичко и Алекс Душебаев, кои се едни од носителите на играта во полскиот шампион.
Пелистерци ќе се обидат да одиграат квалитетен ракомет и пред домашната публика да се покажат во солидно светло и евентуално да дојдат до изненадување.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Келце ќе се одигра со почеток од 20:45 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“.
Во групата А, во која се наоѓа и Еурофарм Пелистер, ќе има уште еден дуел. Залетаниот Колстад ќе му гостува на данскиот вицепрвак Алборг.
Актуелниот шампион Магдебург во Франција кај Монпелје ќе атакува на четврта победа во елитата.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
16:30 ДУНАРЕА – ЧСМ (РОМАНИЈА)
17:30 РАПИД – СТИНТА (РОМАНИЈА)
17:30 БРНО – КОПРИВНИЦЕ (ЧЕШКА)
18:00 ПРАГА – КАРВИНА (ЧЕШКА)
18:30 МАЛОМЕРИЦЕ – НОВЕ ВЕСЕЛИ (ЧЕШКА)
18:30 СИЛКЕБОРГ – ИКАСТ (ДАНСКА)
18:45 АЛБОРГ – КОЛСТАД (ЛШ)
19:00 ГОРАЖДЕ – ВОГОШЧА (БИХ)
19:00 ИЗВИЃАЧ – ХЕРЦЕГОВИНА (БИХ)
19:00 ГРАЦ – ФАЈВЕРС (АВСТРИЈА)
19:30 ЛИНЦ – КРЕМС (АВСТРИЈА)
20:00 ЕСБЈЕРГ – ОДЕНСЕ (ДАНСКА)
20:45 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – КЕЛЦЕ (ЛШ)
20:45 МОНПЕЛЈЕ – МАГДЕБУРГ (ЛШ)