ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Пелистерци домаќини на „сино-белите“ од Автокоманда

Денеска со натпреварот меѓу актуелниот шампион Еурофарм Пелистер и тимот на Кире Лазаров ќе биде комплетирано 19. коло во Супер лигата.

Пелистерци на денешниот дерби дуел ќе имаат голема поддршка од трибините во спортската сала „Боро Чурлевски“ која уште пред два дена се распродаде целосно.

На првиот меѓусебен дуел, кој беше одигран во Автокоманда, триумфираа избраниците на Лазаров со седум гола разлика, 32:25.

Денешното дерби е закажано за 18:00 часот, а правдата ќе ја дели најдобрата домашна судиска двојка – Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

Овој натпревар воедно ќе биде последното дерби меѓу водечката тројка во регуларниот дел од натпреварувачката сезона.

Сите комбинации за тоа која екипа како може до првото место и до три стартни бода во плеј-офот, прочитајте подолу.

Кој од водечкото трио до ТРИ бода во плеј-оф? Еве ги сите можни комбинации!

На домашна сцена ќе има и еден прволигашки натпревар, од 20:00 часот ќе играат Шампион и Преспа Вардар.