Денеска во центарот на вниманието ќе биде натпреварот меѓу македонскиот и хрватскиот првак, односно Еурофарм Пелистер и Загреб, кој ќе реши за првото место во групата и пласманот во финалето на ТВ турнирот на шампионите во Добој.
Од 21:00 часот, во Добој ќе се сретнат пелистерци и Загреб, а ако претходно Татабања ја победи Црвена Ѕвезда и доколку македонскиот првак загуби од хрватскиот, тогаш може да има круг од три екипи со четири бодови и гол-разликата ќе решава.
Победа на избраниците на Бранко Ангеловски ги носи во битка за трофејот во Добој каде веќе чека египетскиот Ал Ахли.
На меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ на програмата ќе бидат две средби од третиот натпреварувачки ден и ќе бидат познати екипите што ќе се пласираат во финалето.
Охрид го има српскиот Врање за ривал и победа го носи во финале, додека ист е случајот и со двобојот меѓу Тиквеш и Еурофарм Пелистер 2 – победникот оди во битка за трофеј.
Од вчера е јасно дека екипите на Куманово и Прилеп ќе играат во натпревар за петто место на турнирот.
На турнирот „Ѓорче Куп“, домаќинот Ѓорче Петров по победите над Вардар и Железничар Инџија се пласираше во финалето, додека Напредак Крушевац и Чаир ќе бијат битка за вториот финалист.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
11:00 Чаир – Бор (Турнир Ѓорче Куп)
18:00 Охрид – Врање (Турнир Миле Нешкоски)
19:00 Вардар – Железничар Инџија (Турнир Ѓорче Куп)
20:00 Тиквеш – Еурофарм Пелистер 2 (Турнир Миле Нешкоски)
21:00 Чаир – Напредак Крушевац (Турнир Ѓорче Куп)
21:00 Еурофарм Пелистер – Загреб (Турнир Добој)