ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Охрид по заверка на трето коло во Европа

Денеска во центарот на вниманието ќе биде реваншот од ЕХФ Европскиот Куп меѓу Охрид и азербејџанскиот Баку, иако однапред се знае победникот.

Стратегот Борис Ројевиќ веројатно рамномерно ќе ја распредели минутажата кај сите ракометари, а навивачите на „гладијаторите“ очекуваат уште една убедлива победа.

Мечот меѓу Охрид и Баку е закажан за вечерва од 18:00 часот во СРЦ „Билјанини Извори“, а судии се Чесите Ухлит и Бенус, додека делегат е Ракочевиќ од Црна Гора.

На домашната сцена ќе има три средби во Првата машка лига низ ракометите терени во Македонија.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

18:00 ОХРИД – БАКУ (ЕХФ ЕВРОПСКИ КУП)
13:00 ТЕКСТИЛЕЦ – ВАРДАР НЕГОТИНО (МАКЕДОНИЈА)
19:00 КИЧЕВО – МУЛТИ ЕСЕНС (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ЈЕХОНА – МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ (МАКЕДОНИЈА)