Екипата на Охрид денеска во Романија против Потаиса Турда ќе го одигра реванш натпреварот од втората рунда од Европскиот Куп.
Избраниците на Стевче Алушовски на првиот натпревар, кој беше одигран минатиот викенд во Охрид, триумфираа со 31:25, но и покрај овие ,,плус шест” ништо не е решено.
Натпреварот меѓу Потаиса Турда и Охрид е закажан за 17:00 часот, а победникот од овој двобој ќе обезбеди пласман во третата фаза, па така за „гладијаторите“ ќе биде доволни и реми.
Доколку Охрид успеа да го елиминира романскиот тим, тогаш ќе го повтори успехот од пред седум сезони кога стигна до истата фаза во третото по ранг европско клупско натпреварување.
Тимот на Кире Лазаров, исто така го очекува европски настап денеска, но сега на гостински терен во Литванија.
Третопласираниот тим од минатата сезона против Драгунас Клаипеда ќе го одигра реваншот од втората рунда во Европскиот Куп, а на првиот натпревар, кој беше одигран во Автокоманда, избраниците на Лазаров триумфираа со 42:31.
На денешната програма на домашна сцена ќе има два суперлигашки дуели, а интересно се очекува да биде о Кавадарци меѓу Тиквеш и Вардар.
Женската сениорска репрезентација на Македонија против Словачка ќе го одигра вториот натпревар на „Трофеј Карпати“.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
13:30 МАКЕДОНИЈА – СЛОВАЧКА (ПРИЈАТЕЛСКИ)
14:00 СКОПЈЕ – МЛАДОСТ (МАКЕДОНИЈА)
15:00 ДРАГУНАС – АЛКАЛОИД (ЕВРОПСКИ КУП)
15:30 МЕТАЛУРГ РА – ОВЧЕ ПОЛЕ (МАКЕДОНИЈА)
17:00 ТУРДА – ОХРИД (ЕВРОПСКИ КУП)
17:00 ТЕКСТИЛЕЦ – ПАРТИЗАН (МАКЕДОНИЈА)
17:00 МАДЕИРА – ПОРТО (ПОРТУГАЛИЈА)
18:00 БИСИНОВ – БУТЕЛ (МАКЕДОНИЈА)
18:00 ЈЕДИНСТВО – БУДУЌНОСТ (ЦРНА ГОРА)
18:30 ЦРВЕНА ЅВЕЗДА – РАДНИЧКИ (СРБИЈА)
18:30 БЕРХЕМ – ПАРТИЗАН (ЕВРОПСКИ КУП)
19:00 ТИКВЕШ – ВАРДАР (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ПАОК – ФАМАГУСТА (ЕВРОПСКИ КУП)
19:00 РАХОВЕЦ – БОХОЛТ (ЕВРОПСКИ КУП)
19:00 МЕТКОВИЌ – ТРОГИР (ХРВАТСКА)
19:00 ПОТСДАМ – ГУМЕРЗБАХ (БУНДЕС)
19:00 ГРАДЕЦ – КОПЕР (СЛОВЕНИЈА)
19:00 ГОРИЦА – ГОРЕЊЕ (СЛОВЕНИЈА)
19:30 ПРЕСПА – ШАМПИОН (МАКЕДОНИЈА)
20:00 ЛИМОЖ – ИВРИ (ФРАНЦИЈА)
20:00 МОНПЕЛЈЕ – НАНТ (ФРАНЦИЈА)