ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Охрид на тест против Пролет пред реваншот во Европа

Денеска со натпреварот меѓу Охрид и Пролет ќе биде комплетирано 8. коло во суперлигашката конкуренција.

За Охрид денешниот натпревар со тимот на Александар Јовиќ ќе биде генерална проверка пред гостувањето во Романија.

Како што е познато, избраниците на Стевче Алушовски на 26 октомври ќе го одиграат реванш дуелот со Потаиса Турда во втората рунда од Европскиот Куп.

Охрид во досегашниот тек од сезоната во домашниот шампионат оствари шест победи, беше поразен само во Битола од Еурофарм Пелистер, додека Пролет има две победи, две реми и три порази.

Денешниот дуел меѓу Охрид и Пролет ќе се одигра во СРЦ „Билјанини Извори“, со почеток од 17:30 часот.

На денешната програма ќе има ѝ еден дуел кај дамите, Стружанка и Чаир ќе го одиграат заостанатиот натпревар од 6. коло од Женската лига.

Денеска стартува и шестото коло од Лигата на шампионите со четири натпревари, а Еурофарм Пелистер утре ќе се соочи со Веспрем.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
15:30 СТРУЖАНКА – ЧАИР (МАКЕДОНИЈА)
17:30 ОХРИД – ПРОЛЕТ (МАКЕДОНИЈА)
18:30 СЛОВАН – ЦЕЈЛЕ (СЛОВЕНИЈА)
18:45 ДИНАМО – СПОРТИНГ (ЛШ)
18:45 ФРЕДЕРЕИЦИЈА – ВИСЛА (ЛШ)
19:30 ТРЕБЊЕ – КРКА (СЛОВЕНИЈА)
19:30 МЕТАЛОПЛАСТИКА – РУДАР (СРБИЈА)
20:45 КЕЛЦЕ – АЛБОРГ (ЛШ)
20:45 НАНТ – ЗАГРЕБ (ЛШ)