Денеска во центарот на вниманието ќе бидат трите натпревари од вториот натпреварувачки ден на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“.
Програмата во СРЦ „Билјанини Извори“ од 16:30 часот ќе ја отворат екипите на Динамо Панчево и Олимпијакос.
Грчкиот првак е фаворит на оваа средба против подмладениот српски тим и со победа ќе биде многу блиску до првото место и пласман во финалето.
Од 18:45 часот ќе играат засилениот Партизан, кој првпат ќе го видиме на терен и Вардар, кој вчера одигра супериорно против Охрид.
Од 21:00 часот, домаќинот на турнирот пред себе ќе има уште еден поранешен европски првак, Целје.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
16:30 ДИНАМО ПАНЧЕВО – ОЛИМПИЈАКОС
18:45 ПАРТИЗАН – ВАРДАР
21:00 ОХРИД – ЦЕЛЈЕ