Амбициозниот тим на Охрид денеска ќе ја стартува авантурата на европска сцена, поточно во Европскиот Куп, во кој за ривал во втората рунда ја има Потаиса Турда од Романија.
За денешниот натпревар се очекува избраниците на Стевче Алушовски да имаат голема поддршка од трибините во СРЦ „Билјанини Извори“. Двете екипи во досегашниот тек од сезоната во домашниот шампионат имаат одлични резултати.
Охрид на седум одиграни натпревари во Супер лигата ги освојуваше бодовите на шест од нив, додека Потаиса Турда на осум напревари во романскиот шампионат забележа седум победи.
Освен Охрид, својот настап во Европскиот Куп ќе го започнат и „сино-белите“ од Автокоманда, кои за ривал во втората рунда го имаат Драгунас од Литванија.
Во суперлигашката конкуренција ќе се одиграат три натпревари од 8. коло, а најинтересно се очекува да биде на натпреварот меѓу Прилеп и Тиквеш, односно Радовиш и Бисинв.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
12:00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 КИЧЕВО (МАКЕДОНИЈА)
13:00 ПАРТИЗАН – ДРАЧЕВО (МАКЕДОНИЈА)
13:30 ДЕСПИНА – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ (МАКЕДОНИЈА)
14:00 СКОПЈЕ – СТРУЖАНКА (МАКЕДОНИЈА)
14:00 ОВЧЕ ПОЛЕ – ГЕВГЕЛИЈА (МАКЕДОНИЈА)
16:00 РАПИД – БРЕСТ (ЛШ)
17:00 МЛАДОСТ – ТЕКСТИЛЕЦ (МАКЕДОНИЈА)
17:00 ПРИЛЕП – ТИКВЕШ (МАКЕДОНИЈА)
17:00 АНАИТАСУНА – ВАЉАДОЛИД (ШПАНИЈА)
17:15 ХИПО – ШТОКЕРАУ (АВСТРИЈА)
17:30 САЛЕРНО – ПОНТИНИЈА (ИТАЛИЈА)
18:00 БУТЕЛ – СТРУГА (МАКЕДОНИЈА)
18:00 РАДОВИШ – БИСИНОВ (МАКЕДОНИЈА)
18:00 ЦВИКАУ – ДОРТМУНД (БУНДЕС)
18:30 ШАМПИОН – СПАРТАК (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ОХРИД – ТУРДА (ЕВРОПСКИ КУП)
19:00 АЛКАЛОИД – ДРАГУНАС (ЕВРОПСКИ КУП)
19:00 ЛОКА – ТРЕБЊЕ (СЛОВЕНИЈА)
19:00 ДУБОЧИЦА – ВРАЊЕ (СРБИЈА)
19:30 ДУГО СЕЛО – ЛОК. ЗАГРЕБ (ХРВАТСКА)
20:00 ОВЧЕ ПОЛЕ – МУЛТИ ЕСЕНС (МАКЕДОНИЈА)
21:00 ПОРТО – БРАГА (ПОРТУГАЛИЈА)