ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Охрид и Металург Автокоманда со европски предизвици

Две македонски екипи, Металург Автокоманда и Охрид денеска ќе имаат натпревари од ЕХФ Европскиот Куп.

Кај дамите, Металург Автокоманда од 15:00 часот во салата во Автокоманда ќе го игра реваншот со хрватскиот Сплит, откако првиот меч заврши 24-24. Избраничките на Јулијана Дамчевска можеа и да победат на гостински терен, но и овој резултат не е лош, па сега било каква победа ги води во осминафиналето.

Охрид, по елиминацијата на Баку во второто коло со 50 голови разлика, сега има потежок предизвик во босанската екипа Слога Добој, но со оглед на амбициите и на ростерот, ниту оваа екипа не треба да биде пречка за „гладијаторите“, кои сигурно ќе посакуваат што повисока победа пред реваншот.

На домашна сцена се играат четири меча од Првата машка лига. Во Автокоманда ќе гостува Партизан Гевгелија, Кичево го чека Шампион, додека би требало да биде најинтересно во Гостивар, каде Јехона го пречекува Текстилец. Во Свети Николе ќе се соочат Овче Поле и Аеродром.

Во Првата женска лига се игра дуел во Гостивар меѓу Јехона и Шампион, додека во Супер женката лига, шампионот Ѓорче Петров го пречекува битолски Пелистер.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

15:00 МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА – СПЛИТ (ЕХФ ЕВРОПСКИ КУП)
18:00 ОХРИД – СЛОГА ДОБОЈ (ЕХФ ЕВРОПСКИ КУП)
11:00 МУЛТИ ЕСЕНС – ПАРТИЗАН ГЕВГЕЛИЈА (МАКЕДОНИЈА)
13:30 ЈЕХОНА – ШАМПИОН (МАКЕДОНИЈА)
16:00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ПЕЛИСТЕР (МАКЕДОНИЈА)
17:00 КИЧЕВО – ШАМПИОН (МАКЕДОНИЈА)
17:00 ЈЕХОНА – ТЕКСТИЛЕЦ (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ОВЧЕ ПОЛЕ – АЕРОДРОМ (МАКЕДОНИЈА)