Денеска со натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Прилеп ќе започне новото, 11. коло во суперлигашката конкуренција, а дербито на колото ќе биде в сабота кога амбициозниот Охрид ќе го пречека тимот на Кире Лазаров.
За Еурофарм Пелистер денешниот натпревар против Прилеп ќе биде убава можност да се види во каква форма се ракометарите по ЕХФ неделата, но и проверка пред мечот со Фредериција на 20 ноември.
Пелистерци се големи фаворити против избраниците на Божидар Мојсов и се очекува без многу проблеми да дојдат до посакуваните два бода. Натпреварот меѓу актуелниот шампион и Прилеп ќе се одигра со почеток од 18:00 часот.
Со натпреварот меѓу ланскиот суперлигаш од Автокоманда и Астраион ќе започне 9. коло во Првата лига. Најголемиот број од натпреварите од ова коло ќе се одиграат в сабота.
Освен во Македонија, денеска ќе се игра во Португалија, Србија, Хрватска, Словенија, Франција, Унгарија…а ќе има и две средби од третото коло во Европскиот Куп кај дамите.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
18:00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ПРИЛЕП (МАКЕДОНИЈА)
18:00 ТАТАБАЊА – ЕГЕР (УНГАРИЈА)
18:00 БЕНФИКА – МАДЕИРА (ПОРТУГАЛИЈА)
18:00 ВОЈВОДИНА – ПАНЧЕВО (СРБИЈА)
18:00 САЛЕРНО – ПРАГА (ЕВРОПСКИ КУП)
18:30 ОСИЈЕК – СЕСВЕТЕ (ХРВАТСКА)
18:30 СЛОВАН – ГОРИЦА (СЛОВЕНИЈА)
19:00 ТРИМО – КОПЕР (СЛОВЕНИЈА)
20:00 КРШКО – ЦЕЛЈЕ (СЛОВЕНИЈА)
20:00 ШАРТ – НИМ (ФРАНЦИЈА)
20:00 ИСТРЕС – ТУЛУЗ (ФРАНЦИЈА)
20:00 ЛИМОЖ – КРЕТЕЈ (ФРАНЦИЈА)
20:00 МОНПЕЛЈЕ – СЕЗОН (ФРАНЦИЈА)
20:00 Х71 – ПАОК (ГРЦИЈА)
20:00 МУЛТИ ЕСЕНС – АСТРАИОН (МАКЕДОНИЈА)
20:30 ИВРИ – НАНТ (ФРАНЦИЈА)