ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Нов дуел од „светата војна“ во Полска

Пред возбудливиот викенд, на денешната ракометна програма нема да има многу дуели, ќе се игра само во неколку земји.

Во рамки од 24. коло од полскиот шампионат ќе се сретнат вечните ривали – Келце и Висла Плоцк.

Избраниците на Хавиер Сабате се лидери во полскиот шампионат со 69 бодови, додека тимот предводен од Душебаев има 66 бодови.

Двете екипи имаа меѓусебен дуел во 11. коло во првиот дел од сезоната, тогаш триумфираше Висла Плоцк со еден гол разлика, 29:28.

Тимот на Сабате пред почетокот на тековната сезона го совлада Келце со 30:25 во финалето од Купот на Полска.

Од оваа сезона во Полска има плеј-оф на елиминации, па така овој натпревар нема да биде решавачки за титулата.

До крајот од регуларниот дел во најсилното натпреварување во Полска треба да се одиграат уште две кола.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

17:30 ВИСЛА ПЛОЦК – КЕЛЦЕ (ПОЛСКА)
19:00 ХАНОВЕР – БАЛИНГЕН (БУНДЕС ЛИГА)
19:00 МАГДЕБУРГ – ЕРЛАНГЕН (БУНДЕС ЛИГА)
19:00 СКОВДЕ – ОНЕРЕД (ШВЕДСКА)
19:00 ЈАРОСЛАВ – ЗАГЛЕБЈЕ (ПОЛСКА)
20:00 РАЈН НЕКАР – ФУКСЕ БЕРЛИН (БУНДЕС ЛИГА)
20:30 ТУЛУЗ – НАНТ (ФРАНЦИЈА)