Во битката за пласман од 9 до 12 место на Европското првенство за младинците на Македонија останаа уште два меча.
Првиот е денеска против селекцијата на Унгарија со почеток во 14:20 часот. Доколку славиме в недела ќе играме против победникот од дуелот меѓу Франција и Хрватска за 9 место, доколку загубиме ќе се соочиме со поразениот од истиот двобој за 11 место.
Покрај натпреварите за пласман на континенталниот собир, во центарот на вниманието ќе бидат полуфиналните средби во Целје.
Португалците, кои досега немаат доживеано ниту еден пораз, ќе играат против Германија, додека Данска ќе се соочи со актуелниот европски првак Шпанија.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
12:00 ШВАЈЦАРИЈА – ЧЕШКА (ЕП МЛАДИНЦИ)
12:00 РОМАНИЈА – СРБИЈА (ЕП МЛАДИНЦИ)
12:00 АВСТРИЈА – НОРВЕШКА (ЕП МЛАДИНЦИ)
14:20 ИЗРАЕЛ – ЦРНА ГОРА (ЕП МЛАДИНЦИ)
14:20 УНГАРИЈА – МАКЕДОНИЈА (ЕП МЛАДИНЦИ)
14:20 ШВЕДСКА – ИСЛАНД (ЕП МЛАДИНЦИ)
16:40 ГРЦИЈА – УКРАИНА (ЕП МЛАДИНЦИ)
16:40 ФРАНЦИЈА – ХРВАТСКА (ЕП МЛАДИНЦИ)
18:00 ДАНСКА – ШПАНИЈА (ЕП МЛАДИНЦИ)
19:00 ФАРСКИ ОСТРОВИ – ИТАЛИЈА (ЕП МЛАДИНЦИ)
19:00 СЛОВЕНИЈА – ПОЛСКА (ЕП МЛАДИНЦИ)
20:30 ПОРТУГАЛИЈА – ГЕРМАНИЈА (ЕП МЛАДИНЦИ)