ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Нема одмор за шампионот, стартува последното суперлигашко коло

Денеска со две средби стартува последното коло од регуларниот дел од сезоната во суперлигашката конкуренција.

Шампионот Еурофарм Пелистер помалку од 24 часа од пресметката со Висла Плоцк во Лигата на шампионите ќе игра со екипата на Куманово, а двете екипи се договорија овој меч да се одигра на Битола.

Прилепчани играат дома против Радовиш и мора да победат, а потоа да чекаат кикс на конкурентите Бутел Скопје и Еурофарм Пелистер 2, за тие да обезбедат место во плеј-офот. Повеќе детали ТУКА.

На македонските терени, има и една прволигашка пресметка во која „витамините“ од Автокоманда го пречекуваат Овче Поле.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

17:30 КУМАНОВО – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (МАКЕДОНИЈА)
19:30 ПРИЛЕП – РАДОВИШ (МАКЕДОНИЈА)
20:45 МУЛТИ ЕСЕНС – ОВЧЕ ПОЛЕ (МАКЕДОНИЈА)