ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Нема друга опција – Еурофарм Пелистер брка бод или два кај Фуксе Берлин

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер денеска ќе го одигра претпоследниот натпревар од групната фаза од ЛШ.

Ривал на пелистерци е бундеслигашот Фуксе Берлин, кој во Битола славеше со осум гола разлика, 30:22.

Пелистерци на овој натпревар ќе треба да триумфираат, или пак да освојат бод, за да ги задржат шансите за осминафинале.

Иако домаќините се фаворити, сепак, избраниците на Алонсо се наоѓаат во одлична форма и за денешниот дуел ветија голема борба.

Натпреварот меѓу бундеслигашот и Еурофарм Пелистер ќе се игра во „Макс Шмелинг Арена“ во Берлин, со почеток во 20:45 часот.

Распоред на денешните натпревари во ЛШ:
18:45 КОЛСТАД – МАГДЕБУРГ
18:45 ПИК СЕГЕД – БАРСЕЛОНА
20:45 ФУКСЕ БЕРЛИН – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
20:45 ПСЖ – ВЕСПРЕМ

Што велат математиките – на Еурофарм Пелистер му треба чудо за осминафинале во ЛШ