ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Неготинци во Скопје бaраат „сламка за спас“

На денешната програма во Македонија ќе се одиграат два дуели, еден од нив ќе биде во рамките од 12. коло во суперлигшакиот плеј-аут.

Екипата на Вардар Неготино, кој се уште има теоретски шанси за третата позиција на табелата во плеј-аут фазата, ќе гостува во Скопје.

Неготинци за ривал во 12. коло го имаат Голден Арт и токму на овој дуел избраниците на Игор Котевски ќе мора да обезбедат победа за да останат во игра за третото место.

Како што е познато, третопласираниот од плеј-аут фазата ќе игра бараж меч со второпласирнаиот од прволигашкиот плеј-оф.

Со натпреварот меѓу Спартак и Астибо ќе се комплетира 23. коло во единственото женско сениорско натпреварување во Македонија.

Денеска ќе продолжат и возбудувањата во бараж дуелите за пласман на Светското првенство 2025.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
16:00 ЈАЛИКАВАК – КАСТАМОНУ (ТУРЦИЈА)
16:00 ГРУЗИЈА – АВСТРИЈА (БАРАЖ ЗА СП)
17:00 ГОЛДЕН АРТ – ВАРДАР НЕГОТИНО (МАКЕДОНИЈА)
17:00 СПАРТАК – АСТИБО (МАКЕДОНИЈА)
18:00 ЛИТВАНИЈА – УНГАРИЈА (БАРАЖ ЗА СП)
18:00 ПОЛСКА – СЛОВАЧКА (БАРАЖ ЗА СП)
18:00 СЛОВЕНИЈА – ШВАЈЦАРИЈА (БАРАЖ ЗА СП)
19:00 ВАЛУР – ХАУКАР (ИСЛАНД)
19:15 НОРВЕШКА – ХРВАТСКА (ПРИЈАТЕЛСКИ)
20:00 ИТАЛИЈА – ЦРНА ГОРА (БАРАЖ ЗА СП)
20:30 ПОРТУГАЛИЈА – БИХ (БАРАЖ ЗА СП)