ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Настапи за Ристовска, Поповски, Маџовска, Иваноски, Стефаноска…

|
10:00

Денеска низ Европа ќе се игра во неколку шампионати, а интересни дуели се очекува да има во Купот на Германија.

На програмата од 20:00 часот е натпреварот меѓу Кил и Магдебург, а победникот од овој дуел ќе обезбеди пласман во четвртфиналето во германскиот Куп.

Свој настап ќе имаат дел од македонските интернационалци – Сара Ристовска (Рапид), Сара Стефаноска, Јана Равојска (Јагодина), Мартин Поповски (Цирих), Ива Младеновска (Брест), Симона Маџовска (Цвикау), Михаил Иваноски (Дубочица)….

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
14:00 ЧСМ – БАЈА МАРЕ (РОМАНИЈА)
15:30 КРОНОН – СКА МИНСК (БЕЛОРУСИЈА)
16:00 КРАЈОВА – ВАЛЧЕА (РОМАНИЈА)
16:30 РАПИД – ДУНАРЕА (РОМАНИЈА)
18:00 ЗАГРЕБ – ПОРЕЧ (ХРВАТСКА)
19:00 ЈАГОДИНА – НИШ (СРБИЈА)
19:00 ВАЛУР – ИБВ (ИСЛАНД)
19:00 ХАНОВЕР – ФЛЕНСБУРГ (ГЕРМАНИЈА)
19:00 ДУБОЧИЦА – МЕТАЛОПЛАСТИКА (СРБИЈА)
19:00 ЛУДВИГСБУРГ – ЦВИКАУ (БУНДЕС)
19:30 АЈЗЕНАХ – МЕЛСУНГЕН (ГЕРМАНИЈА)
19:30 КОБУРГ – ЛЕМГО (ГЕРМАНИЈА)
19:30 ЦИРИХ – ЗУР (ШВАЈЦАРИЈА)
20:00 КИЛ- МАГДЕБУРГ (ГЕРМАНИЈА)
20:00 БЕЗАНСОН – БРЕСТ (ФРАНЦИЈА)

„Ел команданте“ и Србија во љубов до 2028 година!

Автор: Душко Андов
| 14 ноември 2024
10:46

Некогашниот тренер на Вардар и селектор на Македонија, Раул Гонзалес, официјално е нов селектор на Србија.

Иако Ракометниот Сојуз тоа го нема се уште објавено на својот веб-сајт, сепак генералниот секретар Иван Миливојевиќ, го потврди во интервју за РТС.

„Договорот со Раул Гонзалес е потпишан откако е одигран натпреварот против Италија. Тој стапува на сила на 1 јули 2025 година, од моментот кога Раул нема да има договорни обврски со ПСЖ. Вакуумот кој го имаме до моментот кога тој ќе ја преземе репрезентацијата ќе го искористиме за да ја решиме ситуацијата со актуелниот селектор Борис Ројевиќ и да најдеме преодно решение за преостанатите натпревари од квалификациите за ЕП. Пред Раул е поставена јасна цел – пласман на Олимписките игри во 2028 година“, изјави Миливојевиќ за РТС.

Во меѓувреме Србите ќе мораат да го раскинат договорот со актуелниот предводник Борис Ројевиќ, кој има договор до 2028 година, но и да најдат преодно решение за последните четири меча од квалификациите за ЕП 2026.

Ова ќе биде камбек за Раул Гонзалес на Балканот по седум години, а тоа што договорот со Србите стапува на сила на 1 јули 2025, значи дека нема да ја продолжи соработката со ПСЖ и францускиот првак ќе бара нов тренер.

Фантастичната Ристовска најдобра на теренот, Рапид ремизираше во драмата со Дунареа

Автор: Влатко Мирчески
| 13 ноември 2024
18:35

Репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска, имаше одлична партија во најквалитетното натпреварување во Романија.

Рапид Букурешт и Ристовска се изборија за голем бод, откако одиграа реми со Дунареа Браила, 35:35, во натпревар од 10. коло од романскиот шампионат.

Ристовска беше меѓу најзаслужните за ремито на клубот од Букурешт, натпреварот го заврши со пет гола од шест обиди, а имаше најдобар индекс на корисност во двата тима, 6,5.

Тимот на Ристовска, моментално, се наоѓа на 6. позиција на табелата, на свое конто има 19 бода, но до крајот од сезона има уште многу да се игра.

Следен предизвик за Рапид Букурешт ќе биде натпреварот со европскиот гигант Ѓер во 8. коло од Лигата на шампионите.

Службен триумф за Ѓорче Петров – „лавиците“ се последните учеснички на Ф4 во Купот

Автор: Влатко Мирчески
| 13 ноември 2024
12:27

Екипата на Ѓорче Петров е последниот патник на завршницата во женскиот Куп, откако службено ќе го добие натпреварот против Гевгелија што требаше да се игра денеска.

Поради скандалот на натпреварот меѓу Скопје и Гевгелија, скандал за кој пишуваа и регионалните медиуми, тимот од најјужниот македонски град кој требаше да игра финале во групата В, доби суспензија од страна на РФМ.

Како што е познато, Дисциплинската комисија на македонската куќа на ракометот ги исфрли двете екипи од системот на натпреварување.

Освен Ѓорче Петров, на завршницата во Купот ќе учествуваат уште Чаир, Вардар и Металург Автокоманда.

Во минатата сезона Ѓорче Петров со победата над Чаир од 36:24 успеа да го освои Куп трофејот.

Куп на Македонија, жени, групна фаза:

група А
Спартак – Шампион 29-19
Металург Автокоманда – Стружанка 39-17
Спартак – Металург Автокоманда 18-36

група Б
Астибо – Куманово 16-29
Чаир – Ѓорче Петров 2 39-24
Чаир – Куманово 28-27

група В
Скопје – Гевгелија 16-17
Ѓорче Петров – Деспина 44-10
Ѓорче Петров – Гевгелија 10-0 сл.

група Г
Вардар слоб.
Пелистер – Овче Поле СУ 33-13
Вардар – Пелистер 34-21

Вардар убедливо против Пелистер – се пласираше на Ф4 во Купот!

Автор: Влатко Мирчески
| 12 ноември 2024
18:33

Ракометарките на Вардар обезбедија пласман на Ф4 во Купот на Македонија, откако во финалето од групата В славеа над Пелистер со 34:21.

Избраничките на Платон до убедливиот триумф дојдоа со подобрата игра во второто полувреме, на пауза имаа минимална предност од плус три, 11:8.

Леона Миленковска и Сара Богојеска беа најефикасни во редовите на „црвено-црните“, натпреварот го завршија со по седум гола.

Во таборот на Пелистер десното крило Моника Босилковска ги предводеше стрелците со осум гола, два помалку имаше Наталија Дишковска.

Вардар пред две сезони играше финале во Купот, во неизвесен натпревар загуби од Куманово, додека во минатата сезона беше елиминиран во полуфиналето од Чаир.

Грац домаќин на завршниот турнир во Лигата на Европа трета сезона по ред

Автор: Душко Андов
| 13 ноември 2024
15:22

Австрискиот град Грац ќе биде домаќин на завршниот турнир во Лигата на Европа во женска конкуренција.

Трета сезона по ред, Грац ќе ги собере најдобрите четири екипи во второто по ранг европско клупско натпреварување на 3 и 4 мај.

„Рајфајзен Арена“ во Грац ќе биде домаќин на четири меча, кои од трибините ќе ги гледаат најмалку по 3.000 гледачи.

Македонски претставник во Лигата на Европа оваа сезона беше Ѓорче Петров, но шампионот беше елиминиран во второто коло.

По одигрувањето на реваншите од третото коло ќе бидат познати патниците во групната фаза каде ќе играат 16 екипи.