ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: На Велигден се решава евро-судбината на Македонија

Женската репрезентација на Македонија се наоѓа пред клучниот натпревар во квалификациите за Европското првенство 2026, во кој ќе се решава не само позицијата во групата, туку и пласманoт. Избраничките на Кристијан Грчевски и гостуваат на Словенија, која веќе нема грижи околу пласманот и без притисток ќе влезе на овој меч што се игра во салата „Рдеча Дворана“ во Велење.

Македонија може да биде најмногу третопласирана, а само четирите најдобри третопласирани селекции од шесте групи ќе обезбедат место на континенталниот собир, што значи дека конкуренцијата е голема и просторот за грешка минимален.

Победа би значела големо изненадување и директен пласман, додека и пораз може да биде доволен, но само ако биде висок и ако резултатите (и гол-разликите) од другите групи ни одат во прилог.

Во ваков расплет, секој гол може да биде пресуден, а битката за Европското првенство се претвора во вистинска ракометна математика.

Досега се познати уште 18 учесници на ЕП, а денеска ќе бидат познати уште шест селекции што ќе играат во Романија, Полска, Чешка, Словачка и Турција.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

18:00 Словенија – Македонија
18:00 Германија – Белгија
18:00 Хрватска – Косово 
18:00 Швајцарија – Италија
18:00 Австрија – Грција 
18:00 Шведска – Литванија 
18:00 Србија – Украина
18:00 Холандија – Босна и Херцеговина
18:00 Исланд – Португалија 
18:00 Шпанија – Израел 
18:00 Франција – Финска
18:00 Црна Гора – Фарски Острови

[insert page='euro2020-tekst' display='content' public]
[insert page='proba-2' display='content' public]
[insert page='24video-tekst' display='content' public]
[insert page='foto-tekst' display='content' public]