Денес во Македонија нема да има многу натпревари, ќе се одиграат само два дуели во прволигашката конкуренција.
Tимот на Преспа Вардар, во рамки од третото коло за ривал го има поранешниот суперлигаш Младост Богданци.
Ракометарите на Младост Богданци се големи фаворити на денешната средба и се очекува да дојдат до втората сезонска победа.
Младост Богданци во претходното коло одигра само реми против Астраион, додека на стартот од сезоната лесно се справи со Текстилец.
Во Гевгелија силите ќе ги одмерат Партизан и Овче Поле од Свети Николе. Домаќинот ќе атакува на првата победа, додека Овче Поле, кој на свое конто има една победа, триумфираше над Македонија ЃП, ќе се обиде да дојде до нови три бода на свое конто.
Низ Европа ќе има мал број натпревари, ќе се игра само во Романија, Чешка, Швајцарија, Исланд…
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
16:30 ЧСМ БУКУРЕШТ – БРАШОВ (РОМАНИЈА)
18:00 ДУКЛА ПРАГА – ЗУБРИ (ЧЕШКА)
19:00 ГОРЕЊЕ – РИБНИЦА (СЛОВЕНИЈА)
19:15 БЕРН – СЕНТ ГАЛЕН (ШВАЈЦАРИЈА)
20:00 ХАУКАР – ТА ТОР (ИСЛАНД)
20:00 МЛАДОСТ – ПРЕСПА ВАРДАР (МАКЕДОНИЈА)
20:00 ПАРТИЗАН – ОВЧЕ ПОЛЕ (МАКЕДОНИЈА)
21:30 РЕЈКЈАВИК – ИБВ (ИСЛАНД)
22:00 СТЈАРНАН – ВАЛУР (ИСЛАНД)