ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Младост Богданци по седум од седум

Тимот на Младост Богданци, најголемиот фаворит за место во суперлигашкото друштво, денеска го игра натпреварот против Јехона од Гостивар.

Момците на Горан Андоновски досега одиграа шест натпревари од кои најголем дел ги добија повеќе од убедливо.

Богданчани славеа и во дерби дуелите со Вардар Неготино, Македонија Ѓорче Петров и „витамините“ од Автокоманда, а се големи фаворити и против Јехона.

Натпреварот меѓу Младост Богданци и Јехона се игра вечерва во салата „Млаз“ со почеток од 20:00 часот.