ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Младите пелистерци во битка за Келн

Тимот на Еурофарм Пелистер во младинска конкуренција ќе се обиде да го повтори ланскиот успех и да се пласира на завршницата од Лигата на шампионите.

По вчерашната елиминација на данскиот Алборг во драматичен натпревар, момците на Фарук Мемиќ и Кире Митревски денеска ќе имаат уште поголем предизвик – Фуксе Берлин.

Германскиот тим го декласира Загреб и му даде 50 голови во мечот што заврши 50-29, па јасно е дека пред битолчани ќе биде многу тешка задача.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Фуксе Берлин се игра денеска во салата „Жатика“ во Пореч со почеток од 16:30 часот.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

14:00 АЛБОРГ – ЗАГРЕБ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
16:30 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ФУКСЕ БЕРЛИН (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)