Во центарот на вниманието на македонската јавност ќе биде македонско-грчката пресметка во Атина.
Кај Олимпијакос ќе гостува македонскиот амбициозен Охрид во првиот четвртфинален натпревар од ЕХФ Европскиот Куп. „Гладијаторите“ со пласманот во ТОП 8 го остварија најголемиот клупски успех, но нивните апетити се многу поголеми.
Тимот на Борис Ројевиќ досега запиша шест победи и ги елиминира азербејџанскиот Баку, босанската Слога Добој, како и чешката екипа Дукла Прага, а навивачите на Охрид посакуваат и елиминација на грчкиот состав.
Првиот натпревар меѓу Олимпијакос и Охрид се игра денеска од 16:00 часот во Атина, а исходот од овој дуел ќе го покаже патот на македонскиот тим понатаму во ЕХФ Европскиот Куп.
На домашна сцена се играат два меча од прволигашката конкуренција кај мажите. Во Ѓорче Петров ќе гостува Драчево Јуниор, додека во Свети Николе доаѓа штипски Текстилец во регионалниот двобој.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
16:00 ОЛИМПИЈАКОС – ОХРИД (ЕХФ ЕВРОПСКИ КУП)
19:00 МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ДРАЧЕВО ЈУНИОР (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ОВЧЕ ПОЛЕ – ТЕКСТИЛЕЦ (МАКЕДОНИЈА)

























