Машката кадетска репрезентација на Македонија од денеска ја очекува настапот на Медитеранското првенство во словачкиот град Шаморин.
Македонија се најде во групата A со Египет, Шпанија, Грција, Косово, Романија и Црна и ќе има напоред распоред.
Во групата Б се најдоа кадетските селекции на Турција, Италија, Тунис, Хрватска, Словачка, Србија и Бугарија.
Натпреварите на ова првенство се играат во три периоди по 15 минути, а репрезентациите можат да освојат максимум пет поени по натпревар – еден за секој добиен период (или 0,5 за реми), како и два за добиен меч.
Денеска Македонија го стартува настапот на Медитеранското првенство во 10:30 против Црна Гора, а веќе од 15:00 часот ќе следи и дуел со Египет.
На европската сцена во центарот на вниманието ќе биде дерби пресметката во унгарскиот шампионат меѓу Веспрем и ПИК Сегед, откако двете екипи се пласираа во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
10:30, МАКЕДОНИЈА – ЦРНА ГОРА (МЕДИТЕРАНСКО ПРВЕНСТВО)
15:00, МАКЕДОНИЈА – ЕГИПЕТ (МЕДИТЕРАНСКО ПРВЕНСТВО)
17:45, ВЕСПРЕМ – ПИК СЕГЕД (УНГАРИЈА)









