Женската репрезентација на Македонија денеска го игра последниот натпревар од пријателскиот турнир во Анкара, Турција, против селекцијата на Словачка, која досега запиша две победи против Словенија и домаќинот.
Македонија има победа и реми, па само со триумф над Словачка ќе го освои првото место и трофејот, а натпреварот се игра од 10:00 часот.
На домашна сцена ќе се играат три натпревари од Првата машка и женска лига во Гевгелија, Свети Николе и Скопје.
На меѓународна сцена ќе се одиграат шест натпревари од главната рунда на Мундијалот, а најинтересно ќе биде на вечерните дуели каде Норвешка и Бразил, односно Унгарија и Данска ќе се борат за првите места во своите групи.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
10:00 МАКЕДОНИЈА – СЛОВАЧКА (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)
16:00 ПАРТИЗАН ГЕВГЕЛИЈА – ОВЧЕ ПОЛЕ (МАКЕДОНИЈА)
18:30 ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ЈЕХОНА (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ШАМПИОН – ТЕКСТИЛЕЦ (МАКЕДОНИЈА)
15:30 СЕНЕГАЛ – ЈАПОНИЈА (СП)
15:30 ЈУЖНА КОРЕЈА – ЧЕШКА (СП)
18:00 АНГОЛА – ШВЕДСКА (СП)
18:00 ШВАЈЦАРИЈА – РОМАНИЈА (СП)
20:30 УНГАРИЈА – ДАНСКА (СП)
20:30 НОРВЕШКА – БРАЗИЛ (СП)


























