Женската младинска репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра последниот натпревар на Светското младинско првенство во Скопје.
Избраничките на Дарко Јанев против репрезентацијата на Кина ќе се борат за освојување на 15. позиција и со евентуална победа настапот на младинскиот Мундијал би го завршиле со биланс од три победи, три порази и едно реми.
Натпреварот меѓу Македонија и Кина ќе се одигра со почеток од 15:30 часот во СЦ „Борис Трајковски“. Влезот за сите љубител е слободен.
Полуфиналните дуели исто така се на денешната програма, додека в недела ќе го дознаеме новиот светски младински шампион во женска конкуренција.
Младинците на Македонија во Верија по вторпат силите ќе ги одмерат со Грција на пријателски натпревар. Избраниците на Раде Стојановиќ на вчерашната „контролка“ победија со 28:24.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
09:00 БРАЗИЛ – ЈАПОНИЈА
10:30 ШПАНИЈА – АНГОЛА
10:30 ТУНИС – ГВИНЕЈА
11:15 СРБИЈА – АРГЕНТИНА
13:00 АЛЖИР – МЕКСИКО
13:15 ЕГИПЕТ – ЈУЖНА КОРЕЈА
13:30 ГЕРМАНИЈА – НОРВЕШКА
15:30 ЧИЛЕ – САД
15:30 КИНА – МАКЕДОНИЈА
15:45 РОМАНИЈА – ЦРНА ГОРА
18:00 ХОЛАНДИЈА – УНГАРИЈА
18:00 ШВЕДСКА – ИСЛАНД
18:00 ЧЕШКА – ТАЈВАН
20:15 ШВАЈЦАРИЈА – УНГАРИЈА
20:30 ФРАНЦИЈА – ДАНСКА
20:30 ИРАН – УЗБЕКИСТАН