Женската сениорска репрезентација на Македонија денеска им се враќа на квалификациските обврски за пласман на Европското првенство 2024.
Македонија на свој терен во рамки од 3. коло од квалификациите ќе ја пречека репрезентацијата на Шпанија, која во дуелот со „црвено-жолтите“ е голем фаворит.
Избраничките на Кристијан Грчевски ќе бидат мотивирани да го дадат најдоброто од себе и да се покажат во добро светло против „црвената фурија“.
Голем хендикеп за Македонија ќе биде отсуството на Сања Дабевска. Кружниот напаѓач поради повреда ќе ги пропушти двата дуели со шпанската репрезентација.
Денешниот натпревар меѓу Македонија и Шпанија ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 18:00 часот.
Реваншот се игра во градот Ланцароте на Канарските Острови, на 3 март од 17:00 часот.
Распоред на денешните квалификациски натпревари:
17:00 СЛОВЕНИЈА – ФРАНЦИЈА
17:30 ФИНСКА – ПОРТУГАЛИЈА
18:00 МАКЕДОНИЈА – ШПАНИЈА
18:00 СЛОВАЧКА – ГЕРМАНИЈА
18:00 СРБИЈА – ЦРНА ГОРА
18:10 ЛЕТОНИЈА – ИТАЛИЈА
20:30 ИЗРАЕЛ – УКРАИНА
Освен квалификациските натпревари, на денешната програма ќе има четири интересни дуели од 13. коло во европската елита. Најтешка задача ќе има хрватскиот шампион Загреб, кој пред својата публика ќе го пречека најбогатиот европски клуб ПСЖ.
Распоред на денешните натпревари од ЛШ:
18:45 КЕЛЦЕ – КОЛСТАД
18:45 ЗАГРЕБ – ПСЖ
20:45 МАГДЕБУРГ – БАРСЕЛОНА
20:45 МОНПЕЛЈЕ – ВЕСПРЕМ