Машката младинска репрезентација на Македонија денеска ќе ја бие битката „еден на еден“ за место во ТОП 8.
На патот кон најдобрите осум на Европското првенство во словенечкиот град Целје, стои селекцијата на Австрија.
Избраниците на Раде Стојановиќ претходно ја победија Црна Гора, ремизираа во драматичен натпревар со Хрватска и сами си ја кројат судбината.
Ако победат, одат во главната рунда, доколку ремизираат или загубат, ќе разигруваат за пласман од 9 до 16 место.
Натпреварот меѓу Македонија и Австрија се игра во „Златорог Арена“ во Целје со почеток во 14:20 часот.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
12:00 ЧЕШКА – РОМАНИЈА (ЕП МЛАДИНЦИ)
12:00 ИТАЛИЈА – ИЗРАЕЛ (ЕП МЛАДИНЦИ)
12:00 СРБИЈА – ГРЦИЈА (ЕП МЛАДИНЦИ)
14:20 АВСТРИЈА – МАКЕДОНИЈА (ЕП МЛАДИНЦИ)
14:20 ФРАНЦИЈА – ШВАЈЦАРИЈА (ЕП МЛАДИНЦИ)
14:20 ПОЛСКА – УКРАИНА (ЕП МЛАДИНЦИ)
16:40 ХРВАТСКА – ЦРНА ГОРА (ЕП МЛАДИНЦИ)
16:40 ШПАНИЈА – ФАРСКИ ОСТРОВИ (ЕП МЛАДИНЦИ)
16:40 ШВЕДСКА – ИСЛАНД (ЕП МЛАДИНЦИ)
19:00 ДАНСКА – СЛОВЕНИЈА (ЕП МЛАДИНЦИ)
19:00 ГЕРМАНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА (ЕП МЛАДИНЦИ)
19:00 УНГАРИЈА – НОРВЕШКА (ЕП МЛАДИНЦИ)