ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Македонија на прв тест со Црна Гора

Машката кадетска репрезентација на Македонија денеска го игра првиот пријателски натпревар во рамките на овој собир.

Противник на избраниците на Горан Кузманоски е селекцијата на Црна Гора, која исто како и Македонија се подготвува за настап на ЕП во Србија.

Кузманоски повика 18 ракометари за оваа акција, а шанса да ги покажат своите квалитети ќе имаат сите.

Македонија и Црна Гора денеска играат од 19:00 часот во СЦ „Јане Сандански“, а утре ќе одиграат уште еден меч на пладне.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

19:00 МАКЕДОНИЈА – ЦРНА ГОРА (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)