Сениорската репрезентација на Македонија продолжува со подготовките на тактички и технички план пред настапот на Европското првенство во Германија.
Избраниците на Кире Лазаров денес и утре ќе тестираат против репрезентацијата на јужниот сосед.
Двете репрезентации во Солун одиграа два пријателски меча во текот на месец октомври минатата година.
Тогаш првиот дуел заврши нерешено, 29:29, додека на вториот триумфираше македонската репрезентација со 23:22.
Македонија пред крајот на 2023 година имаше успешна контрола против Црна Гора во Стара Пазова.
Денешниот дуел меѓу Македонија и Грција ќе се одигра со почеток од 17:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“ и ѐ од отворен тип.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
16:00 ГЕРМАНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА (ПРИЈАТЕЛСКИ)
17:00 ХРВАТСКА – ЦРНА ГОРА (ПРИЈАТЕЛСКИ)
17:30 БРАЗИЛ – БАХРЕИН (ПРИЈАТЕЛСКИ)
18:00 ШПАНИЈА – ПОЛСКА (ПРИЈАТЕЛСКИ)
18:00 ШВАЈЦАРИЈА – РОМАНИЈА (ПРИЈАТЕЛСКИ)
18:00 ЕГИПЕТ – ХОЛАНДИЈА (ПРИЈАТЕЛСКИ)
20:00 ФРАНЦИЈА – ТУНИС (ПРИЈАТЕЛСКИ)
20:15 ДАНСКА – НОРВЕШКА (ПРИЈАТЕЛСКИ)
20:15 СЛОВАЧКА – СРБИЈА (ПРИЈАТЕЛСКИ)
20:30 АРГЕНТИНА – БИХ (ПРИЈАТЕЛСКИ)