ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Полска е следна на македонското мени

По ден пауза продолжуваат натпреварите на Европското првенство за младинци во словенечкиот град Целје.

Македонските младинци во разигрувањето за пласман од 9 до 16 место за прв ривал ја имаат селекцијата на Полска.

Полјаците во прелиминарната група загубија убедливо од Шведска и Исланд, а славеа висок триумф над Украина.

Натпреварот меѓу Македонија и Полска се игра од 12:00 часот во спортската сала „Три Лилије“ во Лашко.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

12:00 АВСТРИЈА – ШПАНИЈА (ЕП МЛАДИНЦИ)
14:20 ПОРТУГАЛИЈА – ИСЛАНД (ЕП МЛАДИНЦИ)
16:40 НОРВЕШКА- ШВЕДСКА (ЕП МЛАДИНЦИ)
19:00 ДАНСКА – ГЕРМАНИЈА (ЕП МЛАДИНЦИ)
12:00 МАКЕДОНИЈА – ПОЛСКА (ЕП МЛАДИНЦИ)
14:20 ФРАНЦИЈА – РОМАНИЈА (ЕП МЛАДИНЦИ)
16:40 СЛОВЕНИЈА – СРБИЈА (ЕП МЛАДИНЦИ)
19:00 УНГАРИЈА – ХРВАТСКА (ЕП МЛАДИНЦИ)
12:00 ФАРСКИ ОСТРОВИ – ИЗРАЕЛ (ЕП МЛАДИНЦИ)
14:20 ЧЕШКА – УКРАИНА (ЕП МЛАДИНЦИ)
16:40 ИТАЛИЈА – ЦРНА ГОРА (ЕП МЛАДИНЦИ)
19:00 ШВАЈЦАРИЈА – ГРЦИЈА (ЕП МЛАДИНЦИ)