Денеска во центарот на вниманието ќе биде двобојот на женската пионерска репрезентација на Македонија против Хрватска.
Мечот ќе стартува од 13:30 часот, а во зависност од нашиот дуел и оној на Италија и Грција, избраничките на Славиша Димитријески, ќе завршат четврти или петти во групата.
Македонија сега има 7 бодови на четвртото место, а ако остане таму утре ќе игра за седмото место на Медитеранското првенство.
Покрај дуелот на пионерките, денеска активни ќе бидат и суперлигашите со три меча. Шампионот Еурофарм Пелистер ќе го пречека Прилеп и е голем фаворит, а ист е случајот и со лидерот Вардар. Стружани ќе играат против „сино-белите“ на Кирил Лазаров во Автокоманда.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
13:30 МАКЕДОНИЈА – ХРВАТСКА (МЕДИТЕРАНСКО ПРВЕНСТВО)
18:00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ПРИЛЕП (МАКЕДОНИЈА)
18:30 СТРУГА – АЛКАЛОИД (МАКЕДОНИЈА)
18:45 ВАРДАР – ПРОЛЕТ (МАКЕДОНИЈА)

























