Машката репрезентација на Македонија денеска ќе го има првиот тест пред Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.
Ривал на избраниците на Кирил Лазаров, на кој ќе му недостига само Мартин Томовски, ќе биде светскиот вицепрвак Хрватска.
Хрватите без Карачиќ, Дувњак и Пешиќ, почнуваат нова ера, а на овој дуел со нашите ракометари, хрватскиот селектор Сигурдсон ќе им даде шанса на оние што досега ретко играле.
Најголем дел се од домашното првенство, освен голманот Славиќ од Лимож и пивотот Шимиќ од Вецлар.
Натпреварот меѓу Хрватска и Македонија се игра вечерва во салата „Жатика“ во Пореч од 20:00 часот.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
20:30 ХРВАТСКА – МАКЕДОНИЈА (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)

























