Женската пионерска репрезентација на Македонија денеска ќе има нов предизвик на Медитеранското првенство во Приштина.
Следен ривал на избраничките на Славиша Димитријески ќе биде селекцијата на Грција, кој исто така досега има три порази.
Со победа на оваа средба која стартува од 10:30 часот, Македонија ќе биде најмалку петтопласирана во групната фаза.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
10:30 МАКЕДОНИЈА – ГРЦИЈА (МЕДИТЕРАНСКО ПРВЕНСТВО)


























