ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Македонија го започнува настапот на силниот „Трофеј Карпати“

Женската сениорска репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра првиот натпревар на силниот турнир „Трофеј Карпати“ во романскиот град Клуж.

Настапот на Македонија на овој турнир ќе биде вистинска проверка за квалитетот на секоја повикана ракометарка.

Македонија денес силите ќе ги одмери со домаќинот Романија, потоа в сабота ќе игра против Словачка, а в недела е натпреварот со Швајцарија.

Како што е познато, последните тестови пред ЕП 2024, Македонија ќе ги има на „Кроација Куп“ со Србија и Хрватска.

Нашата репрезентација на Европското првенство за ривали во групната фаза ги има репрезентациите на Унгарија, Шведска и Турција.

На денешната програма ќе има еден суперлигашки дуел, актуелниот шампион Еурофарм Пелистер ќе биде домаќин на Радовиш.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
13:30 БРАЗИЛ – СЛОВАЧКА (ПРИЈАТЕЛСКИ)
16:00 АЛЖИР – СЕНЕГАЛ (ПРИЈАТЕЛСКИ)
16:30 РОМАНИЈА – МАКЕДОНИЈА (ПРИЈАТЕЛСКИ)
17:00 БАЈА МАРЕ – БЕЈКОЗ (ЕВРОПСКИ КУП)
17:30 ОСИЈЕК – ЗАГРЕБ (ХРВАТСКА)
18:00 ПОЕЧ – ЛОНДОН (ЕВРОПСКИ КУП)
18:00 ВОЈВОДИНА – ЈУГОВИЌ (СРБИЈА)
18:30 ТИРОЛ – БРЕГЕНЦ (АВСТРИЈА)
18:30 ШВАЈЦАРИЈА – ТУРЦИЈА (ПРИЈАТЕЛСКИ)
18:30 ФАСАНО – АЕК (ЕВРОПСКИ КУП)
19:00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – РАДОВИШ (СУПЕР ЛИГА)
19:00 ФАМАГУСТА – ПАОК (ЕВРОПСКИ КУП)
19:00 ВРАЊЕ – БЕЛГРАД (СРБИЈА)
19:00 ФЛЕНСБУРГ – ВЕЦЛАР (БУНДЕС)
20:00 ЕКС АН ПРОВАНС – СЕНТ РАФАЕЛ (ФРАНЦИЈА)
20:00 ШАРТ – ТУЛУЗ (ФРАНЦИЈА)
20:00 ДОБЕЛЕС – ЛЕОТАР (ЕВРОПСКИ КУП)
20:30 EРЛАНГЕН – КИЛ (БУНДЕС)